daruvajkrvspasizivot 03Почитувани,
По мотото „Дарувај крв, спаси живот”, ние членовите на локалниот клуб на социјалдемократската младина од Прилеп, во соработка со Црвениот Крст, денес ја организиравме традиционалната, 12-та по ред, крводарителска акција.


Свесни за важноста на ваквите хуманитарни активности, како и за се поголемата потреба од оваа драгоцена течност која секојдневно е неопходна за спасување или продолжување на нечиј живот, сакаме да дадеме пример за сите млади во Нашата Општина.
На овој начин, се надеваме дека ќе ја поттикниме хуманата димензија кај младите прилепчани, со цел почесто во иднина да се вклучуваат во вакви хуманитарни активности, кои се од животно значење за многу наши сограѓани.
Како и претходните години, така и оваа година голем број на членови и поддржувачи на СДСМ, но и граѓани од нашиот град, ја покажаа својата солидарност и хуманост, вклучувајќи се во оваа крводарителска акција.
Очекуваме до крајот на акцијата, над 100 граѓани да даруваат крв. Со ова, ние младите социјалдемократи, исто така, сакаме да дадеме наш придонес за успешно функционирање на црвениот крст во нашиот град.
Ви благодарам.