valentin sdmm prilep humanitarnaВалентин Божиноски – Претседател на СДММ-Прилеп

 

Почитувани,

Денес ЛК на млади при СДСМ Прилеп, заедно со црвениот крст, под мотото „Дарувај крв, направи разлика”, организиравме 11-та по ред хуманитарна крводарителска акција.
Водени од солидарноста како еден од основните принципи на социјалдемократијата, ние младите социјалдемократи, со оваа хуманитарна активност-која е една од повеќето што ги спроведовме годинава, всушност ја покажуваме добрината на дело.
Овај хуманитарен настан, веќе преминува во традиција.Позитивно сме изненадени, што од година во година се зголемува бројот на луѓе кои донираат крв. За споредба мината година околу 120 луѓе донираа крв, а денес со оглед на големиот одзив очекуваме бројот да биде поголем.
Крвта е секогаш потребна. Со она мало количество крв што секој добронамерен човек ќе го донира, може да спаси нечиј живот. Треба да бидеме хумани, треба да донираме крв, еден ден може да му биде потребна на секој од нас.

Благодарам