sugareski0804Горан Сугарески – Кандидат за Пратеник од СДСМ

Со оглед дека Тутунскиот Комбинат Прилеп е компанија на која доминантен сопственик со 88% од акциите е државата, сакаме да поставиме директно прашање до менаџментот на комбинатот.
Г-дине директор Дерменџиев, дали е точно дека минатата недела објавивте оглас за прием на сезонски работници и дека истиот, веднаш, само после 3 часа сте го повлекле?
Дали е точно дека од утре во Тутунскиот Комбинат ќе почнат со работа 220 сезонски работници и тоа без објавен оглас во законскиот рок?

Доколку ова се случи, ние веднаш ќе поднесеме кривична пријава за грубо кршење на изборниот закон за директорот Александар Дерменџиев и за директорот на ДООЕЛ тутун, Александар Спиркоски. Напоменуваме, според изборниот закон, државата 40 денови пред денот на одржување на изборите не смее да вработува и да објавува огласи за вработување, со што и тутунскиот комбинат како државна компанија треба да се придржува до истото.