Дали се прикрива сообраќајката на Марјан Ристески?

vbozin1Валентин Божиноски – Член на Совет на О.Прилеп

Почитувани,
Бараме МВР веднаш да ги информира граѓаните:
-Дали градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески синоќа направил сообраќаен прекршок и удрил млад човек?
-Дали е точно, дека вчера околу 22 часот во центарот на Прилеп, на булеварот Гоце Делчев, градоначалникот Ристески, со неговиот џип марка КИА спорт, направил забрането полукружно свртување и притоа удрил во млад човек кој управувал со скутер Веспа?
-Дали од страна на Полициската станица во Прилеп и од страна на истражен судија е направена увидна контрола на местото и дали има Записник од ваков настан?


По видео материјалите што излегоа во јавност, со информации дека на сникмата е џипот на градоначалникот Ристески, Марјан Ристески е должен да каже дали бил учесник во ваков инцидент?
И од болницата Борка Талески до овој момент не е соопштено дали синоќа, околу 22 часот, кај нив е донесено младо лице повредено во сообраќаен судир.
За штурите неофицијални информации коишто говорат дека градоначалникот на Прилеп направил сообраќајка во којашто удрил човек, засега нема официјално соопштение од надлежните.
Ова упатува на сомнеж дека нешто се крие.
Укажуваме дека МВР и другите надлежни органи, како и Ристески, се должни да им ја соопштат вистината на граѓаните.
Законите во оваа држава мора да важат за сите подеднакво!