Дали функционерите од ДПМНЕ Прилеп го кријат имотот?

svСашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани,
Дали ВМРО-ДПМНЕ се смета себеси за партија над Законот?
Дали законските обврски во Република Македонија важат за фунционерите на ДПМНЕ подеднакво како и за сите други граѓани?
Според Законот за спречување на корупција (член 33-б) сите избрани и именувани функционери мора да достават податоци и анкетни листови за имотната состојба.
Дали избраните фунционери на власта ги почитуваат Законите и дали институциите имаат селективен пристап во санкционирањето на оние кои не ги почитуваат истите?


Еве што стои на веб страната на ДКСК за дадените податоци во анкетниот лист за лицето:

Бранко Нешкоски, директор на ЈП за ПУП, Прилеп:
Само долгови за земен кредит и ништо друго!
Дали е тој истиот Бранко Нешкоски кој живее на ул.„Самоилова” 16, Прилеп , со имот наведен во неговиот имотен лист бр. 39552, објавен на веб страната на Агенцијата за катастар на недвижности, каде има:
Објекти за семејно домување во стамбени куќи, дворови и земјишта под згради, вкупно измерено во неколку стотици метри квадратни.
Прашуваме, ако е така, зошто не е наведен во анкетниот лист???

Превземете анкетен лист за Бранко НешкоскиПревземете извод од катастар за Бранко Нешкоски

Пецо Димоски, директорот на ЈКП „Пазари”,Прилеп:
На веб страната на ДКСК, воопшто нема објавено јавни податоци дека ВООПШТО доставил анкетен лист.
Прашуваме дали е истиот тој Пецо Димоски, што живее на ул.„М.Цветаноски” 12 , во семејна заедница со родител кој поседува имот, наведен во докуметот на катастарот на недвижности по Имотен лист 6936, а за кој нема јавни податоци за имот на родител РО, во анкетниот лист, согласно Законот.
Прашуваме, ако е така, зошто не е наведен во анкетниот лист???

Превземете анкетен лист за Пецо Димоски – Превземете извод од катастар за Пецо Димоски

Сега нешто за добро познатата прилепска фамилија Ристески!
Златко Ристески, директор на ЈКП „Комуналец”, Прилеп и братучед на градоначалникот Марјан Ристески:
Податоците од ДКСК кажуваат дека, замислете, воопшто нема имот наведен во анкетниот лист!
Прашуваме, чиј е имотот по имотен лист бр 6889 на ул.„Марко Цепенков” 22, каде има објекти за семејно домување во станбени куќи, измерени во повеќе метри квадратни?
Дали лицето наведено во овој имотен лист е истиот Златко Ристески, директорот на ЈКП „Комуналец”, кој објавил податоци во анкетен лист дека воопшто нема имот?

Превземете анкетен лист за Златко Ристески – Превземете извод од катастар за Златко Ристески

Понатаму, врз база на податоците објавени на веб страната на ДКСК, градоначалникот Марјан Ристески пријавил во анкетниот лист дека поседува само возило и долгови со непозната сопственост.
Прашуваме, дали согласно јавните податоци од агенцијата за катастар на Р.Македонија, господинот Градоначалник живее на ул.„Радика” бр.5, во семејна заедница со родител, кој поседува недвижен имот, а кој имот согласно Законот мора да биде пријавен во анкетен лист ?
Ако е така, ова е флагрантно кршење на законот за спречување на корупција, според кој градоначалникот Ристески морал да го пријави и имотот од родител со кој што живее во семејна заедница. (анкетен лист рубрика III , со ознака РО-имот на родител.)

Превземете анкетен лист за Марјан Ристески – Превземете извод од катастар за Марјан Ристески

Сосема на крај, прашуваме, зошто имотите на овие прилепски функционери од ДПМНЕ, ако се исти спрема документите од агенцијата на катастар на недвижности, не се наведени во анкетните листови по нивното стапување на фунција?

Да потсетиме, имале доволно време од 8 години за да ги пријават, а јавноста и институциите со ова се оневозможени да ја следат евентуалната промена и зголемување на нивната имотната состојба. Напоменувам, само еден од директорите на ЈКП во Прилеп комплетно ја исполнил Законската обврска.
Дали и овој пат во добро познатиот стил, власта ќе ги бара виновниците во некаква неажурност на ДКСК, или пак во нас, што ги објавуваме во јавност овие нерегуларности на база валидни документи што се достапни до секого кој сака да ги пронајде, прочита и разбере.

Ви благодарам.