Да се направи финансиска контрола во старски дом Прилеп

Еленче Ташкоска – Советник во Советот на Општина Прилеп

Почитувани,

Домот за стари лица „Кире Крстески – Платник во Прилеп“, дом со 40 годишна традиција, е експресно уништен од неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ!

Ситуацијата е крајно драматична, затоа што поради крајно лошите и нехумани, услови за престој, штитениците веќе го напуштаат домот.

Старите лица, штитеници на домот, буквално секој ден се смрзнуваат. Поради лошата финансиска состојба и големите долгови греењето е многу слабо и се засилува само во одредени денови. Храната е недоволна и лоша а хигиената е на најниско ниво!

Остана неодговорено прашањето дали новата директорка, Ирена Стерјовска Локвенец, направи контрола на финансиското работење на нејзиниот сопартиец од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на домот, Дарко Рибароски?

Кој сега ќе го враќа долгот кон доверителите од 13.9 милиони денари за колку што е блокирана сметката, а тоа е скоро во висина на годишните приходите на домот, кои за ланската година изнесуваа 14,2 милиони денари, а кои се пари на граѓаните

Како домот исплаќа плати на вкупно 41 вработени, од кои 20 се преку министерство, а 21 вработени преку општината?

Дали домот има две книговодства и дали вработени воопшто одат на работа и кои задачи ги извршуваат?

Дали на сметка на старите, немоќни, хендикепирани и болни лица, се плаќаат партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ?

Ги повикуваме трудовиот инспекторат и социјалната инспекција од Министерството за труд и социјална политика веднаш да направат контрола и да утврдат што се работело во домот за стари лица во Прилеп.

Згрозени сме од лицемерието на власта во заминување. СДСМ нема да дозволи, ниту сега, ниту понатаму власта да им ги зема парите на старите лица, а притоа да им пружа заштита која е под секое човечко достоинство!