Членството во НАТО и ЕУ носи нови инвестиции, нови работни места, поголеми приходи, повисоки плати

Почитувани граѓани,

Пред нас е историска шанса да ја обезбедиме европската иднина на Македонија, како рамноправен дел од ЕУ и НАТО.

Членството во НАТО и ЕУ гарантира раст на македонската еконимија. Носи нови и големи директни странски инвестиции во економијата во државата. Инвестициите отвораат нови работни места, а со тоа Македонија станува конкурентна.

Со овој процес влегуваме во Унија од 500 милиони потрошувачи, или 250 пати поголем од пазар од домашниот. Тоа значи значително зголемен извоз за нашите компании, повисоки приходи за граѓаните, економски развој и подобар живот на сите наши граѓани и за сите наши деца.

Во сите земји од регионот кои станаа членки на НАТО, инвестициите значително пораснаa, а невработенoста се намали.

Во соседна Бугарија има раст на просечната плата од 525 лева во 2007 година на 1045 лева (односно 550 евра) во 2018 година. Невработеноста од 17.2% во 2007, денес е 5.3%

Во Хрватска вработеноста кај младите се зголемила од 26.4% во 2013 на 43.1% во 2017 година.

Истиот позитивен пример е и со Романија. Таму има раст на просечна плата од 1025 леи vo 2007 година на 4527 леи (односно 525 евра) во 2018 година. Невработеноста од 15.6% во 2007, се намалила на денешните 4.3%.

Почитувани, со пристапувањето во овие сојузи, ќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура.

Ќе се градат уште повеќе нови патишта, мостови, водоводи, канализации, училишта и градинки, за подобар живот на сите граѓани, за подобро утре на нашите деца.

Ќе се зголемат фондовите за земјоделците. Повеќе европски средства за субвенции, за механизација, за повисок приход, подобар производ и за пласман со подобри цени.

Почитувани, Европската унија силно ја поддржува Македонија. Во моментот Македонија добива 260.000 евра дневно, како  помош од Европската Унија. Таа помош ќе расте со нашиот напредок кон ЕУ.

Затоа, и заради сето ова, сега треба да го направиме следниот чекор.

Време е да се сплотиме за Европската иднина на нашата татковина. Одговорноста е кај секој од нас. На 30-ти септември да излеземе и да заокружиме ЗА влез во НАТО и ЕУ, да заокружиме ЗА Европска Македонија.