11 oktomvri 2013 sdsm prilep 04Делегација на СДСМ со положување цвеќе на спомениците на прилепските народни херои, достоинствено го одбележа големиот празник 11-ти Октомври.


Сашо Велески – Претседател на ОО на СДСМ, Прилеп

Почитувани, 
Денес одбележуваме 72 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна. Овој голем ден, 11-ти Октомври, е посебно и длабоко врзан со историјата на градот Херој, денес ние прилепчани сме посебно горди! 
Како и секогаш први на браникот на слободата, така и пред 72 години носејќи ги во себе револуционерниот дух, пркосот и непокорот, а пред се водени од желбата за слободна Македонија, прилепчани први организирано се кренаа во организирано востание против фашистичкиот окупаторот.
На овој ден, оддаваме должна почит на небројните прилепски херои кои го положија својот живот на олтарот на татковината, но и во иднина ќе продолжиме да ја славиме и чествуваме нивната херојска и несебична жртва за слободен Прилеп. 
Наша должност и свечена обврска во името на тие наши херои, е денес во овие тешки времина, да се избориме за економски развиен, просперитетен и прогресивен Прилеп, со кој ќе се гордеат многу генерации прилепчани во годините што доаѓаат.
Нека е честит и за многу години 11-ти Октомври.

Радмила Шеќеринска – Заменик Претседател на СДСМ

{gallery}/2013/septemvri/11okt{/gallery}