Богојавление (Водици)

vodokrst hari lokvenec 2014 09Членот на ИО на СДСМ-Хари Ловенец, присуствуваше на традиционалниот чин на пуштање гулаби на Водици, во кругот на црквата „Параклис” по повод Богојавление-Водици во Прилеп, а исто така присуствуваше на традицијата од манастирот „Св. Јован Бигорски” на фрлањето на крстот во реката Радика во село Ростуше. Ова е 16-та по ред година, каде крстот се фрла од ростушки мост од 1997 година, кога и беше востановена оваа традиција. Годинава, среќникот кој го извади крстот од реката беше Стефан од Битола.