sdsm prilep vodici 2015 03СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ

Почитувани,
Општинската Организација на СДСМ од Прилеп традиционално го одбележува празникот Богојавление-Водици со симболичен чин на пуштање гулаби во црквата Св.„Кирил и Методиј“ стар Параклис во Прилеп.
Истовремено, секоја година претставници на СДСМ на овој голем христијански празник одат во посета на црквата Св.Богородица во село Ростуше и присуствуваат на традиционалното фрлање на крстот во реката Радика од страна на монасите од манастирот Св.Јован Бигорски.

Овој пат на чинот, покрај членот на ИО на СДСМ ,Хари Локвенец и Претседателот на ОО СДСМ од Прилеп, Сашо Велески, присуствуваа и гости од сестринската социјадемократска партија СДП од Шведска и тоа, Стефан Факс – Политички секретар на СДП за регионот Јамтланд и Антон Хамар од Социјалдемократската младина на СДП и Заменик претседател на региналниот парламент во областа Јамтланд, Шведска.

Со почит,
ОО СДСМ Прилеп