Асфалтирани над 50 улици во општина Прилеп, во вкупна должина од околу 23 километри

Филип Попоски – Портпарол на ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани,

Во изминатите две години, власта на СДСМ докажа дека изградбата и реконструкцијата на патната инфраструктура е еден од врвните приоритети.

Со одговорен и домаќински пристап, на територијата на општина Прилеп реконструирани и асфалтирани се 50 улици со вкупна должина од околу 23 километри.

На улиците во градот и населените места, поставен е тампон во вкупна должина од 60 километри.

Не постои населба во градот каде не е инвестирано во изградба на нова и подобрување на постоечката патна инфраструктура.

За прв пат е асфалтирана улицата „Гога Димитриоски“ во населбата „Варош“, каде претходно беше сменета старата водоводна линија и санирана канализационота мрежа.

Во населбата „Гоце Делчев“, асфалтирани се краци од улиците „Пчиња“ и „Истарска“, а со целосно нов слој асфалт се обновени и двете коловозни ленти од улицата „Петта Прилепска бригада“.

За прв пат е асфалтирана и улицата „Архимедова“ во населбата „Рид, а со нов асфалт е реконструирана улицата „Ѓорѓи Димитров“.

По сите стандарди беа асфалтирани и улиците „Кеј 1.Мај“, „Кеј 9.Септември“, „Бранко Секулоски“, дел од „Александар Македонски“, улицата „Трајко Тарцан“ кај Градската болница, улиците 11.Октомври“ и „Стеван Апостолоски“ и уште многу други во сите делови од нашата општина.

Нов слој асфалт во должина од околу 6.5 километри доби и регионалниот пат Прилеп – Вештачко езеро.

Со изградбата на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“, инвестиција вредна околу 4.000.000 евра, значително се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Битола и се овозможи побрз транспорт на стоки и услуги во зоната.

Почитувани,

СДСМ продолжува да работи за граѓаните. Градиме по план и како никогаш претходно.

Граѓаните ја препознаваат нашата посветеност да ја движиме државата на правиот пат. Затоа на 12 април следува нова победа и чист четиригодишен мандат за нови проекти и инвестиции во интерес на сите граѓани.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп