Антикорупциска да се позанимава со Тутунски Комбинат Прилеп

sug1104Горан Сугарески – Кандидат за Пратеник од СДСМ

Почитувани,
Пред два дена, од истово место повикав и го предупредив менаџментот на Тутунскиот Комбинат Прилеп, да не го крши изборниот закон со вработувања сезонски работници во изборниот период.
На ваквиот повик, менаџментот излезе со оправдување дека заради производниот процес антикорупциска комисија им издала одобрение за прием на сезонски работници.
Ако се било законски, зошто екпресно го повлековте огласот кој го објaвивте пред само десет дена?
Директоре Дерменџиев, дали ти како директор не беше свесен дека тутунскиот комбинат токму во овој период ќе има потреба од сезонски работници?


Ако не си знаел, а требало да знаеш, зошто тогаш овие сезонски работници законски не ги вработивте на 20 денови, пред почетокот на изборната капмања?
Директоре Дерменџиев, нашите сознанија велат дека овие работници не се пријавени во агенцијата за вработување.
Според тоа, јавно Ве повикувам да одговорите:
Кога веќе се ангажирани и работат во комбинатот, каде се пријавени овие сезонски работници?
Во која агенција за вработување се пријавени?
Кој им плаќа придонеси за пензиско и здравствено осигурување?
Ја повикуваме Антикорпуциска Комисија и сите други надлежни државни органи целосно да се позанимаваат со работењето на менаџментот на тутунскиот комбинат од Прилеп.
Ви благодарам.