Активисти на ДПМНЕ, сами си испишувале УЧК?

sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ од 18.03.2013

Господине Александар Костадиноски,
За Вашите изнесени навреди и клевети, дека истакнат член и советник на СДСМ испишувал погрдни пароли низ градот, ќе си добиете кривична пријава и таквите Ваши тврдења ќе морате на суд да ги докажете.
Господо од режимот, вашето вистинското лице го видоа и сеуште го гледаат прилепчани. Целиот град е преплавен со графити и скапи луксузни постери од градоначалникот во замување Марјан Ристески, а платени од џебот на граѓаните. Уште имате лице и образ да зборувате за фер и демократски избори? Од сликите кои ги испраќаме на јавноста, јасно се гледа дека лепите плакати на државни установи, на згради, на приватни имоти па дури и на столбот на македонското знаме во центарот на градот. Срамота.
Режимската полиција, ниту се дрзнува некого да приведе за ова, ниту пак некој смее да ги отстрани. Од друга страна, истата таа полиција по ваш налог врши притисоци на слободни и невини граѓани, за нешта кои не ги сториле.
Конечно на сликата која неодамна се појави во јавноста, граѓаните имаа прилика да видат која тоа испишува погрдни пароли, како и натписи со УЧК на билборди и јавни места. Господо од режимот, ќе ве прашаме:
– Дали е тоа ваш активист и член на ДПМНЕ, вработен во домот за култура „Марко Цепенков“?
Ги повикуваме полицијата и надлежните служби, наместо да се занимаваат со недолжни граѓани, да се позанимаваат со следните слики.

Со почит
СДСМ Прилеп

{gallery}2013/mart/plakati{/gallery}