akademija lokalna ohrid hari lokvenec 06

Денес отпочна вториот дел од Академија за локална самоуправа која ќе трае три дена. Академијата е организирана и подржана од страна на Фондацијата Фридрих Еберт и Прогрес институтот за социјална демократија и се одржува во Охрид, хотел Климетица. Семинарот е наменет за кандидатите за градоначалници и нивните ПР тимови. По пристигнувањето и регистрацијата на учесниците, семинарот беше отпочнат во салата на општина Охрид со отворање на јавна дискусија за локланиот развој за подобар животен стандард и најдобрите искуства и практики. Говорници беа Јани Макрадури, потпретседател на Собранието на РМ, Горан Јешиќ, потпретседател на Владата на Војводина и поранешен градоначалник на општина Инџија, Р. Србија, Александар Петрески, градоначалник на Охрид, Демир Матељан, пратеник на Р. Хрватска и градоначалник на општина Камејан и Менде Диневски, пратеник во Собранието на Р.Македонија. Претседавач на сесијата беше Оливер Спасовски, заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ. После паузата за ручек, предавањата продолжија на тема „Развојните потреби на општините во локалните изборни програми„ и се разменија искуства а дискусијата беше отворена од Горан Јешиќ, потпретседател на Владата на Војводина. Андреј Петров, пратеник во Собранието на РМ се обрати на учесниците потсетувајќи на претходните искуства, актуелните состојби и принципите на социјалната демократија како фундамент на политиките кои треба да се спроведуваат во однос на локалните избори. Претседавач на сесијата беше Хари Локвенец, Универзитет Американ Колеџ, Скопје.

{gallery}2012/noemvri/akls2{/gallery}