Академија за локална самоуправа 2 (втор ден)

akademija lokalna hari vtor den 4

 

Денес беше вториот ден од Академијата за локална самоуправа II за „Модели и практики за успешни и развиени општини”. Согласно агендата беше предвидено да присуствуваат и пратениците на Собранието на РМ и кандидатите за градоначалници. Работната средба беше започната со излагање на тема „Улогата на Парламентот во креирањето на услови за локален развој и подршка на процесот на децентрализација” и говорници беа Марјанчо Николов, претседател на Собраниската комисија за финансирање и буџет, Игор Ивановски, координатор на Пратеничката група на СДСМ, Александар Петрески, градоначалник на Охрид и Аце Коцевски, кандидат за градоначалник во Велес. По излагањето, се отвори дебата каде кандидатите за градоначалници се обратија до пратениците за прашања од локален карактер а во координација со централната власт како би можеле на најдобар можен начин да бидат солвирани. Претседавач на сесијата беше Оливер Спасовски, заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ. После средбата со пратениците, кандидатите за градоначалници имаа сесија со тренерите од Алфред Мозер Фондацијата, Холандија, за значењето на ПР и испраќањето на пораките.

 

{gallery}2012/noemvri/akls22{/gallery}