sdsmprilep1

Реакција на прес од ДПМНЕ од 19.03.2013 

 

Господине Александар Костадиноски,
Го достигнавте дното на Вашата гнасна и валкана кампања. Впрочем, после 8 години манипулирање и лажење на народот, вам и на градоначалникот во заминување ништо друго и не ви преостана, освен да клеветите и навредувате за работи, кои на суд ќе треба да ги докажете.
Должите многу одговори пред јавноста:
Зошто ги трошите парите на прилепчани, општинските пари, за финансирање на вашата ниска и недолична кампања?
Колкава сума народни пари, досега потрошивте за скапиот и луксузен пропаганден материјал на досегашниот градоначалник Марјан Ристески? Дали сте свесни дека за тоа некој ќе одговара после 24 март?
Дали ќе се извините на прилепчани, за тоа што ваши активисти буквално го изгрдија градот со гнасни и недолични натписи и графити. Дали човекот кој испишуваше УЧК низ градот, е ваш член вработен во Домот за култура „Марко Цепенков“. Ако е така зошто не се оградувате од него?
Зошто вашата режимска полиција не ги апси активисти на ДПМНЕ, кои го излепија целиот град со луксузни и скапи постери од Марјан Ристески.
Конечно, Ве повикуваме, ајде утре во заедничка акција на СДСМ и ДПМНЕ, да ги остраниме сите постери и плакати од досегашниот градоначалник Марјан Ристески, кои се залепени на недозволени места, и плакатите од Хари Локвенец, доколку ги има на такви места.

Со почит

СДСМ Прилеп