pres031114Валентин Божиноски – Потпретседател на СДММ

Почитувани,
Младите социјалдемократи од Прилеп, заедно со граѓаните, го одбележуваме 3-ти ноември, Денот на конечното ослободување на нашиот град – херој.
Преку повеќе средби со граѓаните, заеднички разговор и дружење, споделуваме впечатоци за нашиот град, неговото минато и иднината.
Со топол пијалок симболично се присетуваме на солидарноста и топлината во срцата по конечното ослободување.
Прилеп секогаш бил еден од првите градови, каде што желбата и поривот за слобода бил поголем од угнетувањата, ропството и репресијата. Прилеп е градот кој на 3-ти ноември 1944 година,благодарејќи на борците од НОБ, се избори за конечна слобода.

Со денешново заедничко дружење, го одбележуваме ослободувањето на нашиот град. Воедно, продолжуваме со одбележување на 23-от роденден на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ).
Во претстојната Недела на социјалдемократија, под мотото 23 години – опција за младите, на директен начин ќе ја покажеме целта за постоењто на СДММ.
Преку голем број на активности, со хуманост, солидарност, толеранција, спорт, ќе се заложиме и ќе ги промовираме вистинските, нормални вредности во нашето општество.
Демократските придобивки, кои длабоко се вкоренети во СДММ, со сите сили ќе се обидеме да ги зачуваме.