500 акумулации за развој на земјоделието и економијата

Hari Pres 21Прес конференција на Хари Локвенец, 12.03.2013

 

Почитувани претставници на медиумите,
Прилепската Општина нуди огромен потенцијал за земјоделско производство, патем е Општина со најголем број сончеви денови и ги има највредните зeмјоделци. Ова мора да го искористиме. Земјоделецот мора да биде основна грижа на локалната самоуправа.
За жал, локалната власт во изминативе 8 години не вложи ниту еден денар и ниту една минута интерес за подобрување на состојбата на земјоделските производители, а има многу начини да се помогне, се разбира, ако се знае како.
Во мојата иборна програма, изготвивме серија мерки и проекти со конкретни рокови, за развој на земјоделското производство, и за зголемување на производствените капацитети.
-Ќе го намалиме надоместокот за наводнување и одводнување на земјоделското земјиште, а ќе изградиме или реставрираме дополнителни 50 км. хидросистемска мрежа. Ќе ги исчистиме одводните канали, ќе ги исушиме селските бари и ќе изградиме нови поила за стоката.
-Ќе формираме координативно тело за равој на земјоделието, а ќе изготвиме стратегии за органско производство и за помош на земјоделците. Ќе воведеме ваучер за тн„зелена нафта” за основна обработка на почвата.
-Имаме проект„Зелена иницијатива” со кој ќе воведеме општински сектор за земјоделски семејства, сектор за унапредување на руралните населени места, како и сектори за европска земјоделска политика и за прекугранична соработка.
– Со проектот„млеко од прилепските фарми”, ќе ја подобриме состојбата на млечната индустрија во Општината, ќе ја подобриме промоцијата и продажбата на млекото.
На крај сакам да го спомнам проектот за изградба на „500 микроакумулации”. Суштинскиот, капиталниот проект кој покрај тоа што на големо ќе ги подобри состојбите во земјоделието, исто така сериозно позитивно ќе влијае на локалниот економски развој и отворањето нови работни места. Микроакумулациите се стратешко, долгорочно, планско и техничко решение за наводнување на земјоделското земјиште во Пелагонија.
Имаме 500 различни профили за акумулациите, во кои ќе опфатиме 40 милиони метри кубни вода , со која ќе се наводнуваат 20 илјади хектари земјоделско обработливо земјиште.
Знам и сум свесен, дека се крена голема фама и прашина за овој проект, за тоа како ќе го изведеме, на кои локации, итн. од страна на луѓето кои во 8 години не сработија ниту еден капитален проект. Затоа, почитувани жители на Општина Прилеп, сакам да Ви претставам детален приказ, видео презентација за тоа, каде, како и кој ќе биде бенефитот за Општината од изградбата на 500 микроакумулации.
Ви благодарам.