Соопштение до јавност

Почитувани граѓани на Општина Прилеп,
Согласно одлуката на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ –
Прилеп од 05.12.2018 и Статутот на СДСМ, се објавува јавен повик за кандидирање за
претседатели и членови на Kомисии при Општинската организација на СДСМ Прилеп и
тоа за следните комисии:

1. Комисија за земјоделие,
2. Комисија за образование,
3. Комисија за економија,
4. Комисија за здравство,
5. Комисија за комунални дејности и животна средина,
6. Комисија за урбанизам,
7. Комисија за труд и социјална политика,
8. Комисија за култура,
9. Комисија за спорт,
10. Комисија за соработка со граѓански сектор

Заинтересираните кандидати за претседатели и членови на Комисии при Општинската
организација на СДСМ – Прилеп треба да достават лична биографија (CV) и
мотивациско писмо во кое ќе ги образложат своите мотиви поради кои се кандидираат
за претседател или член на една од Комисиите.

Кандидатите треба да ги достават потребните документи во печатена форма најдоцна
до 21.12.2018 година во просториите на ОО СДСМ – Прилеп, Бул. „Гоце Делчев“,
зграда на поранешен хотел „Скопје“ – трети спрат, или во електронска форма на
sdsmkomisija@gmail.com

Со почит!
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп 11.12.2018