sdsm 8 septemvri 2014 01СДСМ како државотворна партија, со посебна чест го чествува денот на независноста и самостојноста, 8-ми Септември. По тој повод, делегација на Општинската Организација на СДСМ од Прилеп, положи свежо цвеќе пред спомениците на прилепските великани и борци за слободна Македонија.
Копнежот за слобода, економски просперитет и демократски напредок на државата бил вековна борба на македонскиот народ. Тој предизвик и денес е исправен пред граѓаните на градот херој и пред цела Македонија.
Независна Република Македонија е обврска за сите нас, да ја сочуваме и развиваме земјата во духот на слободата и демократските вредности.
Нека ни е честит 8-ми септември, Денот на Независноста!