Bigorski 05Традиционално 15-та година по ред, Хари Локвенец- кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ, ја посетува и помага традицијата на манастирот „Св. Јован Бигорски“ , фрлање на крстот во реката Радика во село Ростуше, по повод големиот христијански празник „Богојавление“ – Водици.

Традицијата- фрлање на крстот за Водици од Ростушки Мост, е востановена од страна на монасите од манастирот„Св.Јован Бигорски“ во 1997 година. Од 1998 година, без престан, дури и во во најтешките мигови, секоја година Хари Локвенец го помага овој чин, во духот на христијанската традиција и секоја година на среќниот човек кој ќе го извади крстот од водата, му подарува компјутер.
Оваа година 15-та по ред, на најсреќниот кој го го извади крстот од Радика, Хaри Локвенец му посака многу здравје, среќа, успех и бериќет во животот и му подари лап-топ компјутер. Локвенец беше срдечно и топло пречекан од кумовите на годинешната прослава, а беше поканет од новите кумови да присуствува на прослaвата за „Богојавление“ во с.Ростуше и идната година.

{gallery}2013/januari/hljb{/gallery}