sdsm prilep krvodaritelska 15Изјава: Славчо Ѓорѓиоски – СДММ Прилеп

Почитувани,
Ова е 13-та по ред крводарителска акција, која под мотото „Дарувај крв-спаси живот” Локалниот клуб на млади при Општинската Организација на СДСМ од Прилеп, заедно со црвениот крст, традиционално ја организира пред новогодишните празници.
Со задоволство можам да изјавам дека крводарителската акција, од година во година добива се поголем одзив, не само од членството на СДСМ, туку и од страна на граѓаните на Општина Прилеп.

Впрочем, ваквите хумани активности, ние младите социјалдемократи ги организираме со цел да им помогнеме на сите граѓани подеднакно, кои имаат потреба од оваа драгоцена течност.
Свесни сме дека секоја капка крв се брои, дека потребата од крв е секојдневна и дека на овој начин многу животи можат да бидат спасени или продолжени. Затоа, апелираме до сите граѓани, да бидат хумани, да бидат солидарни, да даруваат крв и да спасат нечиј живот.